СДСМ Центар бара наместо комерцијален објект да се изгради градинка


       
Скопје, 28 септември, 2015 - 16:57 (META) 

Советничката група на СДСМ и коалициските партнери остро се спротивставува на злоупотребата на државно земјиште за бизнис-цели, каков што е случајот со комерцијално-деловниот објект на 15 ката, кој треба да се изгради на местото на бараките на јавното претпријатие за станбен и деловен простор.

„Бидејки власта сè прави во функција на бизнис-интерес, ова земјиште го обележа како простор од особен државен интерес. Но, тука ниту ќе има градинка, ниту ќе има училиште или каква било друга реална потреба на граѓаните. Ќе има комерцијално-деловен објект. Ние поднесовме анкетни листови со што бараме просторот да се употреби за објект што е од вистински интерес на граѓаните.  Ако тоа е градинка, на пример, ќе се намали бројот на дечиња во другите објекти, ќе ги подобри условите за образована дејност и значително ќе им олесни на родителите. Исто така, бараме местата каде што се планирани катни гаражи, да се претворат во еко-монтажни гаражи, парк и во зеленило“, вели Игор Алаџајков, координатор на советничката група на СДСМ во Општина Центар.

Оттаму додаваат дека Зоран Ставрески и Владата на РМ ги бранат интересите на ВМРО-ДПМНЕ, а не интересите на граѓаните.