fbpx

СДСМ: Поплавите се случија само поради неодговорноста на Груевски и на Трајановски

-

Дамјан Манчевски, потпретседател на СДСМ, и Љупчо Николовски, член на извршниот одбор на партијата, денеска на прес-конференција обвинија дека поплавите што се случија на почетокот на минатиот месец, се случија поради неодговорноста на поранешниот премиер, Никола Груевски, и на градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски.

– Наместо да се освести, Груевски упорно продолжува да го гради „тркалото на лудоста“ од 19 милиони евра. Ако овие пари беа наменети за инфраструктурни објекти за заштита од поплава, оваа катастрофа немаше да ни се случи. За никогаш да не ни се повторат вакви штети од поплави, ние ќе изградиме ефикасен систем за одбрана на Скопје од големи води. Ќе ги уредиме сливните подрачја, ќе ги исчистиме речните корита и каналскиот систем. Ќе го заштитиме Скопје од порои. Ќе ја санираме скопската обиколница, за да не ги поплавува куќите на жителите од Стајковци и од другите населени места – рече Манчевски.

Тој додаде и дека во руралните места ќе го зголемат процентот на покриеност со атмосферска канализација, од 18 на 40 отсто.

Николовски рече дека ќе воведат забрана за изградба на какви било објекти во Вардар.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...