Од денеска нема да сообраќа меѓународниот воз „Хелас експрес“ на релација Солун – Скопје – Белград, информираат од „Македонски железници“.
Како што објаснуваат, причината за тоа е изведување градежни активности на територијата на Република Србија.
Прекинот на патничкиот сообраќај ќе важи сè до крајот на возниот ред за 2015-2016 година.
Повторното воспоставување на редовната патничка линија на релација Солун – Скопје – Белград заеднички ќе го усогласат „МЖ Транспорт“, „Србија воз“ и Грчките железници.