fbpx

СДСМ: На локацијата на „индустриската зона Мауцкер“ има само депонија

-

„Никола Груевски во деновите пред своето заминување ги употребува последните фантазии за инвестиции, зони, вработувања од неговиот виртуелен свет. Виртуелните инвестиции, зони не се само празни ливади, туку на нив има и ѓубре“, обвини СДСМ.

„Деновиве Груевски мафта со договори, дека на земјиштето на военото стрелиште што го предаваат на Општина Охрид, ќе никне индустриска зона. Зоната ќе привлече странски и домашни инвеститори и ќе отвори нови работни места. Местото на виртуелните странски и домашни инвеститори и работни места, зоната Мауцкер, денес, година и пол подоцна, е депонија. Индустриската зоната Мауцкер е уште една лага на Груевски. Граѓаните знаат дека Груевски излажа и за други инвестиции. Никола Груевски изминатите 10 години ги лажеше и ги осиромашуваше граѓаните, додека работеше да цветаат тендерите и бизнисите со кои се богатеше неговата фамилија“, соопштија од СДСМ.

Од партијата додаваат дека „на 24 април завршуваат лагите и валканите политики на Груевски и се отвора пат за вистински инвестиции, вистински нови работни места, за економски стабилни граѓани и за напредна држава“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Со автоматска пушка влегол во казино во Лешок и украл над 300.000 денари

Наредба за истражна постапка против 28-годишен жител на селото Непроштено, Општина Теарце, кој е осомничен за разбојништво и поседување автоматска пушка, донесе Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово. Во...