fbpx

СДСМ: Груевски и ВМРО-ДПМНЕ мора да соберат храброст и да се соочат со правдата

-

Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ мора да престанат да бегаат од правдата, да се ставаат над законите и правниот поредок и мора да соберат храброст да се соочат со одговорноста за направените штети врз граѓаните и врз државата, се вели во реакцијата на СДСМ, на прес-конференцијата на Груевски по повод обвиненијата што денеска ги поднесе Специјалното јавно обвинителство.

„Граѓаните имаа можност да го чујат, да го видат и да го почуствуваат криминалното и антидржавничко владеење на Никола Груевски и на ВМРО-ДПМНЕ, кога преку криминал, корупција, насилство, притисоци и сеење омраза и поделби, ракововодството на ВМРО-ДПМНЕ криминално се богатеше на сметка на осиромашените и угнетени граѓани. Денес, кога се соочени со одговорноста за направените дела, Груевски и ВМРО-ДПМНЕ преку лаги, конструкции и манипулации се обидуваат да избегнат одговорност за сè што сториле“, стои во соопштението на СДСМ.

Од владејачката партија порачуваат дека сите, вклучително и Груевски и раководството на ВМРО-ДПМНЕ, мора да одговораат за своите постапки пред независен и професионален судски систем.

„Пред правдата сите мора да бидат еднакви и тоа важи и за Груевски и за ВМРО-ДПМНЕ. Врвен национален интерес за сите граѓани е враќање на правдата и на правниот поредок во државата. Македонија мора да биде и ќе биде правна држава во која законите ќе важат за сите еднакво, без разлика на етничка, верска, политичка или каква било друга определба“, порачуваат од СДСМ.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...