Рускиот претседател Владимир Путин им понуди на членките на БРИКС (организација во која членуваат Бразил, Русија, Индија, Кина и Јужноафриканска Република) заедничка платформа во областа на енергетските истражувања.
– Важно е да се зголеми дијалогот за енергетиката на овие пет земји – изјави Путин на самитот на БРИКС, кој почна денеска во Сијам.
Путин предложи да се основа заедничка енергетска платформа која би овозможила подобра размена на информации, аналитички и на научни податоци.
Тој потсети дека стратегијата на економско партнерство на БРИКС е основана на самитот во Русија во 2015 година.
– Сметаме дека треба да развиваме електронска трговија без пречки, да се поддржат малите и средни претпријатија и да има поголема ефикасност во партнерствата на државата и приватниот сектор – рече рускиот претседател.
Кинескиот претседател Кси Џинпинг ги повика земјите – членки на БРИКС да играат поголема улога во светот, да го отфрлат протекционизмот и да внесат нова енергија во решавањето на разликите помеѓу богатите и земјите во развој.