fbpx

Пукање на концерт во Австрија, две лица убиени и 11 ранети

-

Две лица се убиени, а 11 биле ранети, кога вооружен маж синоќа отворил оган за време на концерт во близина на градот Ненсинг во Австрија, а потоа се самоубиство, јавуваат австриските медиуми.

Полицијата соопштила дека напаѓачот претходно се расправал со жена на паркинг, а потоа зел оружје од својот автомобил и отиштол на концертот каде почнал да пука на групата од околу 150 луѓе.

Вооружениот маж по пукањето се вратил на паркингот, каде се самоубил.

Според австриските медиуми, некои од ранетите лица се во критична состојба.

Инцидентот се случил во австриската провинција Форарлберг, на околу 40 километри од границата со Лихтенштајн.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...