fbpx

„Птици“, нова книга поезија од Ристо Лазаров

-

Во издание на „Матица македонска“ излезе од печат новата, триесетта по ред, поетска книга на Ристо Лазаров, со наслов „Птици“.

На 142 страници се поместени шест циклуси, секој од седум песни на тема птици: „Орли“, „Езерки“, „Гулаби“, „Црвен кардинал“, „Рајска птица“. На крајот, издвоено, поместена е песната „Хичкок“.

Поговорот за книгата го напиша Оливера Ќорвезироска.

– Најновиот поетски ракопис на Ристо Лазаров, „Птици“, можеме да го претставиме во контекст на неговата богата и плодна поетска продукција и пројава како бележит и самосвоен творечки глас во нашата современа поезија и со тоа да го подвлечеме заклучокот дека овој поет продолжува со концептуалните збирки со стожерен мотив, т.н. целни или „(само)зададени“ збирки кои функционираат како скапоцени монети за раздолжување или раситнување на неговата повеќедецениска крупна творечка банкнота – пишува Ќорвезироска.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...