!Во периодот што претстои работиме на воведување систем за пристап и за претплата. За начинот на пристап и за претплатата ќе информираме дополнително. Содржините на „Мета“ до тогаш се слободни за преземање со задолжително цитирање и атрибуирање.

Премиерата на новиот македонски филм „Кога денот немаше име“ на Берлинале


       
Скопје, 25 јануари, 2017 - 16:51 (META) 

Новиот македoнски филм „Кога денот немаше име“ на Теона Стругар-Митевска, премиерата ќе ја има на престижниот филмски фестивал во Берлин, соопшти продуцентската куќа „Сестри и брат Митевски“. „Кога денот немаше име“ ќе биде претставен во програмата „Панорама специјал“ на Берлинале, на 14 февруари, во 19 часот, во киното „Зоо палас“.

Во филмот улогите ги толкуваат актерките Ратка Радмановиќ, Николина Кујача, Ана Костовска и Лабина Митевска и шесттемина натуршници Леон Ристов, Ханис Багашов, Стефан Китановиќ, Игорчо Постолов, Драган Мишевски и Иван Вртев-Шоптрајанов. Сценариото е на Елма Татарагиќ, снимател е Французинката Агнес Годар, сценограф е Вук Митевски, а костимите се на Словенката Моника Лорбер.

Филмот на Теона Стругар-Митевска од Агенцијата за филм на Македонија доби 30 милиони денари (речиси 488.000 евра), како и пари од „Еуримаж“.