четврток, 18 јуни, 2026
Meta.mk

Ознака: македонски филм | 20 резултати

Филмски факт: „Најдолгиот пат“ – снимен според сведоштвата на осудениците

ноември 20, 2024

Оралната историја или усмените сведоштва, како и филмот, раскажуваат приказни, што за многу општества каде што меморијата и историјата се специфично заплеткани, тие се докажана форма за верификување на меморијата. Филмот „Најдолгиот пат“, зборникот „Темни кажувања“ и личните исповеди се токму тие верификатори на меморијата, пишува Вистиномер. Македонскиот долгометражен игран филм „Најдолгиот пат“ е четврти наслов во […]

Филмскиот проект „Не се согласувам!“ селектиран за европската програма за развој на сценарија „eQuinoxe“

октомври 30, 2024

Филмскиот проект во развој „Не се согласувам!“ на сценаристот и режисер Кристијан Ристески и продуцентот Дарко Попов (Фокус Покус) е селектиран за учество на најпрестижната европска програма за развој на сценарија „eQuinoxe“. Станува збор за црно-хуморна социјална драма за 65-годишен анархист и неговиот аутистичен внук кои, откако моќни поединци и системот ќе се свртат против […]

Македонска премиера на „Бизнисот на задоволството“ – љубовта, семејството и стремежот кон правдата нè водат сите нас

септември 20, 2024

Вчеравечер во „Синеплекс“ се одржа премиерата на македонскиот филм „Бизнисот на задоволството. Дебитантскиот филм на режисерот Гоце Цветановски се врти околу новинарката Елени, која е опседната со исчезнувањето на нејзината најдобра пријателка што станала жртва на сексуална трговија. Новинарката подготвува тајна операција за да ја разоткрие криминалната мрежа. Но, како што нејзините соучесници се приближуваат до […]

(ИНТЕРВЈУ) Гоце Цветановски за првиот македонски долгометражен анимиран филм „Јон Вардар против Галаксијата“

август 3, 2024

Пред нешто помалку од еден век, во далечната 1937 година, студиото Волт Дизни го направи првиот долгометражен анимиран филм и му го претстави на светот како нешто ново коешто ја промени иднината засекогаш. Се работи за филмот „Снежана и Седумте Џуџиња“. Анимираните филмови стануваат секојдневно сè повеќе популарни, постои силна конкуренција и натпревар кој ќе направи филм со подобра […]

Столе Попов е добитник на наградата „Златен објектив“ за 2024 година

април 26, 2024

Столе Стојан Попов е овогодишниот добитник на наградата „Златен објектив“ која се доделува секоја година на 29 април по повод роденденот на Кинотека на Северна Македонија. Признанието „Златен објектив“ се доделува на филмски автори и работници, кои преку својот професионален ангажман придонеле во создавањето, развојот, промовирањето и популаризацијата на македонската кинематографија. Столе Попов е режисер, […]

Кандидатот за оскар „Домаќинство за почетници“ од 12 октомври ќе се прикажува во „Синеплекс“

октомври 6, 2023

Филмот „Домаќинство за почетници“, во режија и по сценарио на Горан Столевски, кој е македонски кандидат за наградата „Оскар за најдобар долгометражен интернационален филм“ и е еден од селектираните филмови за Европските филмски награди, од 12. октомври (четврток), ќе почне да се прикажува во киното „Синеплекс“ во Скопје. Светската премиера на „Домаќинство за почетници“ се […]

„Домаќинство за почетници“ на Горан Столевски влезе во селекција за Европските филмски награди

септември 27, 2023

Македонскиот филм „Домаќинство за почетници“ во режија и по сценарио на Горан Столевски, кој неодамна ја имаше својата светската премиера на филмскиот фестивал во Венеција, влезе во групата на филмови кои ја комплетираат овогодинешната селекција за 36. издание на Европските филмски награди, соопшти денеска Европската филмска академија (ЕФА). Кон крајот на август, прво беа избрани […]

„Домаќинство за почетници“ во режија на Столевски е македонски кандидат за Оскар

септември 13, 2023

Македонскиот филм „Домаќинство за почетници“ во режија на Горан Столевски е годинашниот македонски кандидат за наградата „Оскар за најдобар долгометражен интернационален филм“. Оваа одлука ја донела Комисијата за избор при Друштвото на филмските работници на Македонија, прифатена и одобрена од Американската Академија за подвижни слики, уметност и наука, во состав: Игор Иванов – режисер и […]

„Домаќинство за почетници“ на Горан Столевски ќе има премиера на филмскиот фестивал во Венеција

август 30, 2023

Филмскиот фестивал во Венеција, еден од најпрестижните настани во глобалната филмска индустрија, денеска го отвора своето 80-то издание. Во рамки на фестивалот премиера ќе има и македонскиот филм „Домаќинство за почетници“ во режија и по сценарио на Горан Столевски, а во продукција на Лист Продукција – Скопје. Во рамките на јубилејното издание, кое ќе трае […]

Кикстартер-кампања на Ана Јакимска за филмот „Нема духови во туѓина“

април 28, 2023

Ана Јакимска дипломирала на Катедрата за општа и компаративна книжевност на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“, а потоа дипломирала и Филмска режија на Факултетот за драмски уметности при универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ – Скопје. Јакимска моментално е на дополнителни студии – магистериум – на универзитетот Голдсмитс во Лондон, каде што работи на нејзиниот најнов филм […]

Кусометражен филм на Зоран Попоски креиран со вештачка интелигенција е во финалето на фестивал во Далас

април 15, 2023

Кусометражниот филм „Уништен свет“, создаден со помош на вештачка интелигенција (ВИ), во режија на на македонскиот дигитален уметник Зоран Попоски, е финалист на 53-то издание на Меѓународниот филмски фестивал во Далас, Тексас. Филмот на Попоски е номиниран во категоријата меѓународен кусометражен филм и видео. Фестивалот во Далас е еден од најстарите и најреноминарните меѓународни филмски […]

„Сестри“ ја освои публиката на грчкиот филмски фестивал „Панорама“

февруари 5, 2022

Македонскиот филм „Сестри“ во режија на Дина Дума на 34-то издание на грчкиот фестивал за европски филм „Панорама“ ја освои наградата од публиката, „Audience Prize“. Фестивалот годинава се одржа онлајн од 27 јануари до 2 февуари. Филмот беше прикажан преку платформата Cinesquare, признанието го доби од страна на читателите на филмското списание „Атинорама“. „Првиот долгометражен […]

Иванка Апостолова Баскар за својот нов филм „The PCR Song“: Клучната работа е односот кон деталите

ноември 8, 2021

Неодамна се одржа премиерата на најновиот филм, односно експерименталниот видео-театар проект наречен „The PCR Song“ на македонската артистка, режисерка и професорка Иванка Апостолова Баскар. Во разговор за Мета, таа сподели неколку впечатоци од премиерното прикажување на филмот, а дополнително поразговаравме и за процесот на изработка. Како помина премиерата, колку сте задоволна од заинтересираноста за филмот? […]

„Тајната состојка“ на Ставрески го зачини филмскиот фестивал во Солун

ноември 8, 2017

Ако задачата на филмот како уметност, во духот на најславната парола на париската револуционерна 1968 година, „Да бидеме реални, да го бараме невозмозното!“, е да го најавува духот на новото време, тогаш не треба да му се лутиме за сите тие депресивни и црни слики што ни ги нуди?! И кој ја има формулата на онаа тајна состојка што ветува […]

Премиерата на новиот македонски филм „Кога денот немаше име“ на Берлинале

јануари 25, 2017

Новиот македoнски филм „Кога денот немаше име“ на Теона Стругар-Митевска, премиерата ќе ја има на престижниот филмски фестивал во Берлин, соопшти продуцентската куќа „Сестри и брат Митевски“. „Кога денот немаше име“ ќе биде претставен во програмата „Панорама специјал“ на Берлинале, на 14 февруари, во 19 часот, во киното „Зоо палас“. Во филмот улогите ги толкуваат актерките Ратка Радмановиќ, […]

Македонски филм освои прва награда на меѓународен фестивал во Флорида

ноември 16, 2016

Македонскиот краткометражен филм „Мрачни часови“ освои прва награда на меѓународниот натпревар „Хeмфри Богарт филм фестивал“, за студентски ноар-филмови, во категоријата филмови од странско говорно подрачје. Сценариото и режијата се на Трифун Ситниковски, а главните улоги ги толкуваат Александар Микиќ и Александра Стојкова. Во филмот се појавуваат и Гоце Цветановски, Марија Димитрова и Александар Трајковски. „Мрачни часови“ […]

Страна 1 од 1