fbpx

Македонски филм освои прва награда на меѓународен фестивал во Флорида

-

Македонскиот краткометражен филм „Мрачни часови“ освои прва награда на меѓународниот натпревар „Хeмфри Богарт филм фестивал“, за студентски ноар-филмови, во категоријата филмови од странско говорно подрачје. Сценариото и режијата се на Трифун Ситниковски, а главните улоги ги толкуваат Александар Микиќ и Александра Стојкова. Во филмот се појавуваат и Гоце Цветановски, Марија Димитрова и Александар Трајковски.

„Мрачни часови“ ќе се прикажува вечерва во Џебно кино во МКЦ, во рамките на студентската програма на Фестивалот за европски филм „Синедејс 2016“, со почеток од 17.30 часот. Филмот имаше проекција на годинешниот фестивал „Браќа Манаки“ и на уште неколку настани во Македонија и во странство.

– Приказната во филмот е за човек кој умира во канцеларијата на еден груб и циничен приватен детектив, оставајќи му еден чуден џебен часовник со 13 бројки. Со надеж дека ќе најде одговори, детективот почнува да следи една таинствена жена, која е поврзана со убиениот човек и со мистеријата на џебниот часовник, изјави за „Мета“ режисерот Трифун Ситниковски.

Промотивниот видеозапис за филмот може да го погледнете на следниот линк.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Деновите од изборите ќе се одработат, учениците подолго ќе престојуваат во училиште

Министерството за образование и наука информира дека наставата од деновите на гласање - 24 април и 8 мај, како и од 30 ноември кога беше организиран Самитот на ОБСЕ...