fbpx

Пратениците со едноминутно молчење за загинатите во поплавата ја почнаа собраниската седница

-

Пратениците во Собранието на Република Македонија со едноминутно молчење за загинатите во поплавите, ја почнаа денешната седница.

Благоја Стојановски од СДСМ, рече дека жртвите не можат да се вратат, но може да им се помогне на оние кои трпат невидени штети.

– Денеска состојбата е тешка. Треба реконструкција на домовите која ќе трае со месеци. Сакаме итно, наредната недела да им се даде авансна помош на настраданите за да почнат да ги санираат домовите. Минимум 50 евра по метар квадратен од поплавена површина. Сумата која ја предвиде Владата е многу мала.Помош треба и за оние оние кои се занимаваат со земјоделство – рече Стојановски.

Никола Тодоров, министер за здравство истакна дека дождот и невремето кое го зафатија Скопје и околината е редок феномен против кој нема спас.

– Тоа беше природен феномен кој се случува еднаш на 10 века и не можеше да се спречи. И најјаките земји се немоќни пред природните феномени. Не е време за дискусии, сега е време за работа и ајде со лопата во рака. Сакам објективно да кажам дека на терен видов луѓе од СДСМ, ДПА, ДУИ, Социјалистичка партија и благодарност до сите вас кои сте помогнале и сте направиле добро дело. Ние ќе бидеме на терен до последната улица, се што е уништено ќе биде повторно создадено – рече Тодоров.

Министерот за одбрана на Република Македонија, Зоран Јолевски, зборуваше за помошта која ја пружа АРМ на терен, директно помагајќи им на лицата погодени од поплавите.

– Ангажираниот персонал од составот на армијата во кризните региони е распореден во пет сектори. Првиот сектор е Стајковци, каде има потреба од 150 до 300 лица, војници. Вториот сектор е Сингелиќ и Арачиново, третиот сектор е село Црешево, Смилковци, Раштански пат и Булачани. Четвртиот сектор е Инџиково, а петтиот Шипковица и тетовско, каде се ангажирани одреден број на воојници за да се спречат евентуални дополнителни штети на тој терен – рече Јолевски на денешната собраниска седница посветена на поплавените региони.

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...