Потрошувачката кошница во февруари чинела 32.383 денари


       
Скопје, 23 март, 2018 - 11:14 (META) 

На едно четиричлено семејство во Македонија му биле потребни 32.383 денари за основните месечни потреби во февруари, покажуваат податоците на Синдикалната минимална кошница.

Најмногу пари или 13.395 денари биле потребни за храна и пијалоци, 10.476 денари за комунални трошоци и покуќнина, за лична хигиена 927 денари, а за хигиена во домот 1.364 денари.

Превозот, четиричлено семејство го чинело 2.349 денари, а обувките 2.122 денари. Најмалку пари се одвојувале за културни активности и за здравје.

Потрошувачката кошница во јануари изнесувала 32.354 денари. Според последните податоци на Државниот завод за статистика, просечната плата во Македонија изнесува 23.850 денари.