fbpx

Попоски: За поддршка од ВМРО-ДПМНЕ, договорот со Бугарија ќе мора да се коригира

-

Поранешниот министер за надворешни работи и сегашен пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Попоски, денеска на прес-конференција во Собранието изјави дека Владата излегла во пресрет на барањата на Софија за договорот за добрососедство, но дека се добива впечаток дека ги заборавила македонските интереси.

– Станува збор за меѓудржавен договор, но специфично е тоа што има определено оспорување на посебноста на македонскиот јазик и на македонскиот народ како нација. За да добие поддршка во Собранието од ВМРО-ДПМНЕ, ќе мора да има корекции во делот на националните интереси – истакна Попоски.

Поранешниот министер за надворешни работи смета дека е потребен фер договор кој ќе затвора проблеми, а не договор кој ќе креира фрустрација на патот на Македонија кон ЕУ. Таков фер договор, според него, ќе биде основа за добивање најширока поддршка во Собранието и чувствата во јавноста ќе бидат дека со него се добива, а не се губи.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...