fbpx

Полицијата открила илегални мигранти по верижен судир на возила

-

Четири возила вчера попладне предизвикале верижен судир на автопатот Скопје – Куманово, а полициските екипи кои дошле да интервенираат, при увидот, откриле дека во едно од нив се превезуваат илегални миграти.

Во незгодата биле повредени три лица, кои по укажаната помош во кумановската болница се пуштени на домашно лекување, додека возачот на комбито во кое се превезувале мигрантите бил приведен.

Како што информираат од полицијата, сообраќајната незгода се случила околу 16 часот, на наплатната рампа „Романовце“, кога дошло до судир меѓу четири возила, „комби“, „форд орион“, автомобил „авео“ и „киа“, сите управувани од македонски државјани. Во „фордот“, според полицијата, се превезувале четворица мигранти, од кои двајца, заедно со возачот, веднаш по несреќата побегнале од местото.

Останатите двајца биле приведени и во разговор со полицијата изјавиле дека се државјани на Сирија, кои откако илегално велегле во земјава, се упатиле кон Куманово. Патем го запреле возачот на „фордот“, со кого се договориле за сума од 400 евра да ги превезе до селото Лојане.

По кратка потрага, полицијата го пронашла и привела возачот на „фордот“. Станува збор за Д.А. (39)од селото Ваксинце, против кого, по расчистувањето на случајот, ќе биде поднесена кривична пријава.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...