fbpx

Пирс: Владата да раководи во име на сите граѓани, опозицијата да биде силна и лојална

-

Идната влада на Република Македонија треба да раководи во име на сите граѓани, а опозицијата треба да биде силна и лојална, изјави политичкиот директор при Министерството за надворешни работи на Обединетото Кралство, Карен Пирс, по нејзините средби со политичките лидери во Собранието.

Пирс рече дека дошла во земјава за да ги поддржи демократијата, македонските граѓани и интеграцијата на Македонија во НАТО и во ЕУ.

– Тука сум за да им дадам поддршка на вашата земја, на идната влада и на граѓаните. Подготвени сме да работиме со новата влада за сите прашања, за демократските процеси, за евроинтеграцијата – рече Пирс по состаноците во Собранието.

Пирс денеска во Собранието оствари средба најпрвин со новиот спикер, Талат Џафери, веднаш потоа и со лидерите на партиите од парламентарното мнозинство, а најави и средба со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски.

Директорката во МНР на Велика Британија рече дека со Иванов не се видела затоа што тој заминал во Турција.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...