Петмина американски конгресмени на средби во македонското Собрание


       
Скопје, 27 август, 2018 - 10:00 (META) 

Петмина американски конгресмени, Гери Коноли, Дина Титус, Сузан Дејвис, Дејвид Прајс и Бил Флорез денеска и утре се во посета на македонскиот Парламент

Тие денеска, според собраниската агенда, треба да остварат средба со претседателот на Собранието Талат Џафери, со тројцата потпретседатели, како и со координаторите на пратеничките групи на СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ, БЕСА и генералниот секретар на Собранието, Цветанка Иванова.

Потоа предвидено е американските конгресмени да имаат разговори и со претседателите на повеќе собраниски комисии. Поединечни средби ќе имаат со претседателите и членовите на комисиите за одбрана и безбедност и за деловнички и мандатно-имунитетни прашања, а ќе се сретнат и со членките на Клубот на жени пратенички.

Утре когресмените Коноли, Титус, Дејвис, Прајс и Флорез ќе бидат запознати со активностите на Парламентарниот институт.