Перо Антиќ ослободен од обвиненијата


       
Њујорк, 10 септември, 2015 - 13:27 (META) 

Откако обвинителот ги отфрлил сите обвиненија против македонскиот кошаркар Перо Антиќ и неговиот соиграч од Атланта, Табо Сефолоша, кои беа дел од немила случка пред неколку месеци, во ноќен клуб во Њујорк, судот воопшто не го почна процесот.

Тогаш Антиќ беше притворен заедно со Сефолоша, кој при апсењето доби скршеница на ногата, поради давање отпор на полицајците за време на приведувањето.