fbpx
Таг: ПероАнтиќ

таг: ПероАнтиќ

Перо Антиќ ослободен од обвиненијата

Откако обвинителот ги отфрлил сите обвиненија против македонскиот кошаркар Перо Антиќ и неговиот соиграч од Атланта, Табо Сефолоша, кои беа дел од немила случка пред неколку месеци, во ноќен клуб во Њујорк, судот воопшто не го почна процесот. Тогаш Антиќ беше притворен заедно со Сефолоша, кој при апсењето доби скршеница на ногата, поради давање отпор на полицајците за време на приведувањето.

Перо Антиќ бурно поздравен од навивачите на Олимпијакос во Атина

Страсните навивачи на грчкиот кошаркарски гигант Олимпијакос не ја заборавија љубовта и почитта кон македонската НБА-ѕвезда Перо Антиќ. Антиќ, кој викендов се најде во Атина за да го проследи натпреварот меѓу вечните ривали Олимпијакос и Панатинаикос, беше френетично поздравен и испратен од навивачите кои верно го следеа две години додека играше за црвено-белите во Пиреа. Во моментот кога заминуваше од салата...

Перо Антиќ уапсен во Њујорк

Перо Антиќ и неговиот соиграч од Атланта, Табо Сефолоша, биле уапсени во њујоршкиот клуб „Оук“, пренесува „Вест“. Антиќ бил приведен поради попречување во работата на полицијата откако претходно биле нападнати играчот на Индијана, Крис Копланд, и неговата сопруга, и тоа непосредно пред затворањето на клубот. Копланд бил избоден со нож, а, исто така, и неговата сопруга Катрин Салтара. При обезбедувањето на...

Антиќ одличен на натпреварот против Вашингтон

Македонскиот кошаркар Перо Антиќ одигра одличен натпревар за тимот на Атланта и постигна двоцифрен број поени во три последователни натпревари. Вчеравечер тимот на Атланта хоукс го победи тимот на Вашингтон со 120:89, а македонскиот кошаркар беше четврти најдобар стрелец. Антиќ постигна 12 поени, од кои три тројки и три успешно реализирани слободни фрлања. За тимот на Атланта ова беше осма победа...

Атланта го победи Денвер, Антиќ постигна седум поени

„Јастребите“ од Атланта, со победата над Денвер од 96:84, ја забележаа шестата победа во низа, вкупно 13 во новата сезона во НБА-лигата. Македонскиот кошаркар, Перо Антиќ, одигра 15 минути, постигна седум поени и забележа шест скока и една асистенција. Најефикасен во тимот на Атланта беше Пол Милсап, кој постигна 23 поени, а во тимот на Денвер, Вилсон Чендлер постигна...

Атланта го победи Мајами, Антиќ постигна три поени

Алтанта Хоукс го совлада Мајами Хит со 114:103
Македонскиот интернационалец Перо Антиќ постигна три поени, имаше три скока и една асистенција во победата на Атланта хоукс над Мајами хит со 114:103. Осум играчи кај Атланта постигнаа двоцифрен број поени, а најефикасни беа Хорфорд и Милсап, секој со 19 поени. Во редовите на Мајами најуспешен беше Чалмерс со 23 поени и со 11 асистенции. Сан Антонио славеа против ЛА лејкерс...

Антиќ со пет поени за победа на Атланта во Њујорк

Антиќ одигра 16 минути и постигна пет поени
Тимот на Атланта хоукс победи на гостувањето кај Њујорк никс во „Медисон сквер гарден“ со 85:91. Македонскиот интернационалец од редовите на Атланта, Перо Антиќ, одгира 16 минути, постигна пет поени и имаше два дефанзивни скока. Најефикасни во тимот на Атланта беа Пол Милсап со 19 поени, Кајл Корвер со 17 поени и Денис Шредер со 14 поени. За тимот на Њујорк...

Атлантик: Со среќа во борбата против дезинформации

Угледниот американски магазин Атлантик објави опширен напис, во авторство на Квинта Џуресик, со наслов „Со среќа во борбата против дезинформациите“. Сторијата се однесува на Ник Сојер, доктор во Калифорнија....