fbpx

Папата Франциск во посета на бегалците на Лезбос

-

Папата Франциск ја почна својата посета на бегалците на грчкиот остров Лезбос. Неговата посета испраќа силна порака до европските лидери за похумано справување со бегалската криза и силен апел да се помогне да се стави крај на воените состојби, поради кои илјадници луѓе ги напуштаат домовите и ја бараат својата среќа во државите од Европската Унија.

Уште посилна порака е одлуката на папата да земе со себе 10 бегалци од Лезбос во Рим, според процените лица од Сирија и од Авганистан.

Папата се среќава со бегалците во големиот мигрантски центар Морија на Лезбос, во кој се наоѓаат 4.142 бегалци и мигранти, од кои голем дел ќе бидат вратени во Турција. Заедно со патријархот Вартоломеј тој се сретна со голем број од бегалците, разговарајќи накратко.

Покрај семејствата, папата се поздрави и со големиот број малолетни бегалци кои патуваат сами, без родители. Бегалците го дочекаа со голема радост, голем дел од нив бараат да им помогне и да пренесе порака до европските држави дека само бараат подобар живот, а голем дел од децата со него споделија дел од своите цртежи.

Само што слета на Лезбос, папата преку „Твитер“ забележа дека бегалците не се бројки, туку луѓе со лице, име, лична приказна и секој треба да го има тоа предвид и да се однесува кон нив како со луѓе.

По слетувањето, папата имаше куса средба со грчкиот премиер Алексис Ципрас и со вселенскиот партијарх Вартоломеј, со кои на крај на посетата ќе испратат заедничка порака.

Папата во дијалог со премиерот Ципрас истакна дека е горд на грчкиот народ и на начинот на кој хумано се однесуваат кон бегалците. Грчкиот премиер, пак, забележа дека ова е историски важна посета и можност и пред Европа и пред светот да се покаже неопходноста да се стави крај на војната и да се најде начин сите овие луѓе што ги напуштиле своите домови во барање подобра иднина да добијат подостоен живот.

– Посетата е можност да покажеме дека граѓаните од островите и целосно грчкиот народ и покрај големите проблеми, и покрај тоа што страда од мерките за штедење, покажаа хумано лице. Горд сум на народот во моменти кога некои наши партнери кренaа ѕидови и огради за да ги спречат луѓето да имаат подобар живот – истакна Ципрас.

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...