fbpx

Вељаноски упати покана до меѓународната заедница за следење на изборите

-

Претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски, упати покани до претседателот на Парламентарното собрание на ОБСЕ, Илка Канерва, претседателот на Европскиот парламент, Мартин Шулц, претседателот на Парламентарното собрание на Советот на Европа, Педро Аграмунт и до претседателот на Парламентарното собрание на НАТО, Мајкл Р. Тарнер, за намерата да учествуваат во набљудувањето на предвремените избори на пратеници во Собранието, да ја известат Државната изборна комисија, која ја утврдува процедурата за вршење на набљудување на изборите.

Во Изборниот законик, во членовите 161 и 162, е предвидено дека целиот изборен процес можат да го набљудуваат меѓународни организации и претставници на странски земји и регистрирани домашни и странски здруженија на граѓани во чии статути е вклучено начелото на заштита на човековите права.

Претседателот на Собранието на РМ, Трајко Вељаноски, вчера ги распиша изборите.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Деновите од изборите ќе се одработат, учениците подолго ќе престојуваат во училиште

Министерството за образование и наука информира дека наставата од деновите на гласање - 24 април и 8 мај, како и од 30 ноември кога беше организиран Самитот на ОБСЕ...