fbpx

ОЈО за организиран криминал почнува со распит на граѓани за насилствата од 27 април

-

Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција соопшти дека во предистражната постапка што ја води за насилствата во Собранието на Република Македонија на 27 април, почнува да повикува граѓани на разговор заради добивање информации.

Од Обвинителството велат дека бидејќи случајот е во предистражна постапка, нема да известува кој е повикан и во кое својство, а разговорите ќе се вршат само за да се утврди дали повиканите може да им дадат на обвинителите информации што би биле од корист за отворање истрага.

Покрај разговорите, обвинителите ќе прибираат и докази и писмени известувања.

Основното јавно обвинителство – Скопје кон крајот на минатиот месец дел од истрагата за насилствата во Собранието му предаде на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција. Од ОЈО Скопје тогаш соопштија дека била утврдена соработка на неколку осомничени во настаните и дека во тие случаи не станувало збор само за учество во толпа.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...