!Во периодот што претстои работиме на воведување систем за пристап и за претплата. За начинот на пристап и за претплатата ќе информираме дополнително. Содржините на „Мета“ до тогаш се слободни за преземање со задолжително цитирање и атрибуирање.

Огласот за наследник на Зврлевски и трите социјални закони денеска пред пратениците


       
Скопје, 4 септември, 2017 - 9:44 (META) 

Денеска Собранието на Република Македонија ќе ја почне 12. пленарна седница, прва по двенеделниот одмор на пратениците.

На дневен ред на седницата, чиј почеток е закажан за 11 часот, е и предлогот на Владата за распишување оглас за именување нов државен јавен обвинител, по разрешувањето на Марко Зврлевски.

Зврлевски беше разрешен на последната седница пред одморите, односно на 17 август, а пет дена подоцна Владата ја почна постапката за избор на нов шеф на Јавното обвинителство, односно донесе предлог за распишување оглас, за што надлежно е Собранието.

Оваа е 11. точка на дневниот ред на денешната седница.

Како што информираат од Собранието, денеска на дневен ред се ставени и законите за минимална плата, за стечајците и за укинување на радиодифузната такса.

Пратеничката група на СДСМ ги повика пратениците од опозицијата да не ја блокираат расправата и да ги поддржат трите закони, кои се предложени во скратена постапка.