fbpx

Огинар: Време е за одговор на прашањето каква Македонија сакаме

-

„Формирањето на Семакедонскиот национален совет – Македониум претставува историски одговор од Македонците насекаде во светот на еден предизвик, на едно одамна поставувано прашање: Каква Македонија сакаме“, вели професорот Нестор Огинар, потпретседател на МНС.

– Тоа е природен и доброволен став на една нација, нашата, македонската, на една неопходна историска потреба од самоорганизирање и од одбрана од повеќе чинители, домашни и туѓи, што го попречуваат националниот и демократски подем на Македонија како заедничка, историска татковина на македонскиот народ – вели Огинар.

Огинар дообјаснува дека МНС – Македониум не е осмислен како паралелна или ривалска организација на која било постоечка македонска организација, вклучително и таа на СМК, туку претставува оправдан историски израз на едно време кое бара дополнување на сè што досега не е остварено, на сè што досега, поради какви било причини, нема дадено плод каков што им е потребен на Македонија и на македонскиот народ.

– Време е, ние Македонците, да се соочиме со вистината дека одговорот на прашањето каква Македонија сакаме, не може и не смее да им биде оставено на тие што досега имале безброј шанси да го одговорат. На тие што, со умисла или без неа, ја претворија Македонија во безличен, непрепознатлив, недефиниран простор на мапата на Европа и едно големо историско име го претворија во нечујно ехо на сите жртви поднесени од стотици генерации Македонци и Македонки. Време е да објавиме јасно и гласно дека не постои партија, организација, претседател или кој било друг чинител што може да зборува од името на бројниот македонски народ, распрскан низ сите меридијани на светот. Да се разбудиме од сонот, зашто само ние Македонците можеме да ја дефинираме, да ја изградиме, да ја дооформиме Македонија и како држава и како нација, чие место заслужено припаѓа на мапата на Европа и на светот – додава Огинар.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Со автоматска пушка влегол во казино во Лешок и украл над 300.000 денари

Наредба за истражна постапка против 28-годишен жител на селото Непроштено, Општина Теарце, кој е осомничен за разбојништво и поседување автоматска пушка, донесе Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово. Во...