fbpx

Од четири до десет години затвор за објавување на „бомбите“, предвидува законот на ВМРО-ДПМНЕ и на ДУИ

-

Затворски казни од четири, пет, осум и од десет години се предвидени за објавување на аудиоснимки и на транскрипти од прислушуваните разговори. Со законот што денеска на прес-конференција го најави координаторот на ДУИ, Талат Џафери, а се однесува на прислушуваните разговори, се утврдува забраната за поседување, обработка, јавно објавување преку медиуми, социјални мрежи, веб-портали и во која било друга форма на јавно објавување и располагање на кој било начин со материјали што произлегуваат од незаконско следење комуникации, вклучувајќи и нивно користење и располагање во изборен процес.

„Секој кој поседува или има пристап до материјали од незаконско следење комуникации е должен во рок од пет дена од денот на влегувањето во сила на овој закон да ги предаде материјалите на надлежниот јавен обвинител. Предложениот закон ќе придонесе за остварување на со Устав загарантирана слобода и неповредливост на сите облици на комуникација на граѓаните“, пишува во предлог-законот.

Во предлог-законот, кој пратеници на СДСМ го објавија на социјалната мрежа „Фејсбук“, пишува дека тој што неовластено поседува, обработува и располага на кој било начин со материјали што произлегуваат од незаконско следење комуникации, ќе се казни со казна затвор од најмалку четири години. Ако објавувањето на материјалите доведе до настанување правни, материјални или други штетни последици на лице кое е инволвирано во објавените или во пренесените аудиоснимки или транскрипти од аудиоснимки или нивни делови од незаконското следење на комуникациите, сторителот ќе се казни со казна затвор од најмалку пет години.

Според предложеното законско решение, со осум години казна затвор ќе се казни тој што објавил или пренел аудиоснимки или транскрипти од „бомбите“, ако поради тоа некому му биде нанесена тешка телесна повреда. А ако објавувањето доведе до смрт на лице кое е инволвирано во објавените или пренесените аудиоснимки или транскрипти од аудиоснимки или нивни делови од незаконското следење на комуникациите, или нему блиско лице, сторителот ќе се казни со казна затвор од најмалку 10 години.

За правни лица што ќе ги објават материјалите ќе има парична казна, а за одговорното лице – казна затвор, предвидуваат членови на овој закон.

„Предложениот закон ќе придонесе за остварување на со Устав загарантирана слобода и неповредливост на сите облици на комуникација на граѓаните“, пишува во предлог-законот, чии предлагачи се пратениците Талат Џафери од ДУИ и Крсто Мукоски од ВМРО-ДПМНЕ.

Според законот, тој што неовластено на кој било начин ќе објави или пренесе прислушувани или тонски снимени разговори или делови од нив или нивни транскрипти на територијата на Република Македонија или во странство, ќе се казни со казна затвор од најмалку четири години.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...