fbpx

Обид за државен удар во Боливија, уапсен шефот на вооружените сили

Едно оклопно возило вчера ја срушило главната порта на претседателската палата, овозможувајќи им на војниците да влезат, пред подоцна сите да се повлечат. Воениот лидер на бунтовниците, генералот Хуан Хозе Зунига, рече дека сака да ја „реконструира демократијата“

-

Полицијата во Боливија го уапси шефот на групата која се обиде да изврши државен удар и да ја собори левичарската влада, неколку часа откако претседателската палата во Ла Паз беше нападната од војници.

Стотици припадници на армијата и оклопни возила зазедоа позиции на плоштадот Мурило каде се наоѓаат клучните владини згради, пренесува Би-би-си.

Едно оклопно возило вчера ја срушило главната порта на претседателската палата, овозможувајќи им на војниците да влезат, пред подоцна сите да се повлечат.

Воениот лидер на бунтовниците, генералот Хуан Хозе Зунига, рече дека сака да ја „реконструира демократијата“ и дека, иако засега го почитува претседателот Луис Арсе, „ќе има промена на владата“.

Вчера попладнето, претседателот Арсе ги повика граѓаните да излезат на улиците за да ја одбранат демократијата на земјата од очигледниот обид за државен удар, откако војниците ја презедоа контролата на централниот плоштад.

„Ни треба боливискиот народ да се мобилизира и да се организира против овој државен удар и во корист на демократијата. Не можеме да дозволиме, уште еднаш, обиди за пуч да однесат боливиски животи“, рече Арсе во видеопорака снимена во Големиот дом на народот, официјалната претседателска резиденција.

Неговите коментари дојдоа откако другите членови на администрацијата и лидерите од Латинска Америка тврдеа дека е во тек пуч предводен од армијата.

Про-демократски демонстранти излегоа на улиците во знак на поддршка на владата. На драматичните снимки кои се чини дека се направени во претседателската палата, може да се види како претседателот Арсе се соочува со генералот Зунига, наредувајќи му да отстапи.

Генералнот Зунига беше отстранет од својата функција во вторникот, откако во интервју претходниот ден дал бурни коментари за поранешниот боливиски претседател Ево Моралес. Тој во интервјуто рече дека ќе го уапси Моралес доколку следната година повторно се кандидира за претседателската функција.

Моралес беше принуден да ја напушти функцијата во 2019 година, по тврдењата дека се обидува да манипулира со резултатите од претседателските избори. По насилните протести, беше принуден да замине во Мексико.

Привремен лидер на Боливија во периодот од 2019 до 2020 година беше централно-десничарката Жанин Ањез, која потоа беше осудена на десетгодишна затворска казна, поради државен удар за соборување на нејзиниот претходник Моралес.

Актуелниот боливиски претседател Арсе победи на повторното гласање во 2020 година.

Јавното обвинителство во земјата отвори кривична истрага за вчерашните немири, а уапсен е и шефот на боливиската морнарица, Хуан Арнез Салвадор.

Во меѓувреме, претседателот Арсе го назначи Хозе Вилсон Санчез за врховен командант на боливиската армија на местото на Зунига. Тој положи заклетва во претседателската палата и повика на воспоставување ред и мир.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Мелони не изјавила дека ,,Русија ќе биде принудена да се предаде, ако не ги прифати условите на Самитот за мир”

Според видеото и транскриптот од нејзиниот говор објавени од страна на италијанската влада, Мелони зборува за тоа дека Украина ќе беше принудена да се предаде, доколку Западот не ѝ ја...