fbpx

Обама го повика Трамп на гости во Белата куќа

-

Претседателот на САД, Барак Обама, ги повика Американците да го поддржат неговиот наследник Доналд Трамп, нагласувајќи дека сите првенствено треба да бидат патриоти и „во еден тим“.

Тој најави дека ќе има мирна транзиција на власта во земјата и соопшти дека го поканил Трамп утре да го посети во Белата куќа.

Обама ги повика приврзаниците на неговата Демократска партија да не бидат разочарани од победата на републиканецот Трамп и да го поддржат во заложбите за успешно обединување и раководење на земјата.

Во своето прво обраќање до јавноста по победата на Трамп на вчерашните избори, Обама изјави дека е охрабрен од најавите на идниот претседател дека ќе допре до сите сонародници, посочувајќи дека на САД им се потребни единство, инклузивност и почитување на институциите.

– Сите ние, пред сè, сме Американци и патриоти и го сакаме најдоброто за нашата земја –  истакна Обама, повикувајќи ги, пред сè, младите да останат храбри и да не бидат цинични.

Тој нагласи дека неговата администрација ја остава земјата посилна и подобра отколку што била пред осум години и истакна дека е горд на демократскиот претседателски кандидат Хилари Клинтон, за која оцени дека „не можела да биде подобар државен секретар“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...