fbpx

Нетанјаху ја објави својата платa на „Твитер“

-

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска на „Твитер“ ја објави својата плата за февруари, објаснувајќи дека тоа го направил за транспарентност, јавуваат израелските медиуми.

Од листата за плата се гледа дека Нетанјаху примил 11.270 евра за еден месец работа. Тоа, според податоците од Централното биро за статистика на Израел, е околу пет просечни плати во Израел.

Сепак, даноците во Израел се високи, па откако го платил данокот за приход, здравственото осигурување и придонесите за социјално осигурување, израелскиот премиер дома однел околу 4.000 евра.
Странските медиуми наведуваат дека во споредба со другите светски лидери, Нетанјаху има мала плата.

Според истражувањето на „Си-ен-ен“, американскиот претседател Барак Обама минатата година месечно заработувал по 33.000 долари, заедно со додатоците за патувања и за забава.

Германската канцеларка Ангела Меркел, според истото истражување, заработува околу 17.000 евра месечно, а рускиот претседател Владимир Путин околу 9.500 евра.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...