fbpx

Нема повредени Македонци во земјотресите во Италија

-

Нема повредени македонски граѓани во серијата земјотреси што вчера беа регистрирани во Централна Италија, од кои најсилниот беше со магнитуда од 6,1 степени по Рихтеровата скала.

„Врз основа на информациите со кои досега располагаме, можеме да кажеме дека македонски граѓани повредени во земјотресите во Италија нема. Ги повикуваме сите заинтересирани за прашањата поврзани со безбедноста на македонските граѓани кои во моментот се наоѓаат во Италија, да се обратат на дежурните телефони во македонската амбасада во Рим или во Министерството за надворешни работи“, пишува во соопштението на министерството.

Од МНР како лица за контакт ги посочија Силвана Ивановска, која е достапна на телефонскиот број 38972 239 052 и на  е-пошта [email protected], Емилија Николовска од Амбасада на Република Македонија во Рим, достапна на телефонскиот број 00393889050310, и Семра Рамадани Алими, достапна на телефон 00393485273136 и на е-пошта [email protected].мk.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...