fbpx

Не е работа на Уставниот суд да создава закони, туку да ги толкува, смета СДСМ

-

Уставниот суд да не навлегува во креирање на правото, бидејќи не е негова надлежност да создава закони, туку да ги толкува, изјави денеска портпаролот на СДСМ и пратеник, Петре Шилегов, одговарајќи на новинарско прашање во врска со утрешната седница на Уставниот суд, на која треба да се одлучува по иницијативите за продолжување на мандатот на градоначалниците и на советите на општините.

– Апелот од градоначалниците и од ЗЕЛС, меѓутоа и од правната јавност е Уставниот суд да не се внесе во креирање на правото, не е негова надлежност да креира право, односно да создава закони, туку да ги толкува законите. Евентуалното прифаќање на таквата иницијатива, всушност ќе значи дека Уставниот суд би донел измени на закон, што не е негова уставна надлежност – рече Шилегов.

Како што истакна портпаролот на СДСМ, подобро е за Македонија час поскоро да биде доделен мандатот за составување нова влада и да се оди со законски измени на Изборниот законик во однос на прашањето на мандатот на локалната самоуправа.

– Работа на Собранието е да го измени Изборниот законик, а колку побргу ќе биде доделен мандатот, колку побргу ќе се формира владата, толку побргу ќе можеме да преминеме на изработка и на донесување на законски текст за измени на Изборниот законик за одредбата на мандатот на градоначалниците – рече Шилегов.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...