fbpx
Таг: иницијативи

таг: иницијативи

Преку инцијативата „МојПростор!“ договорено отворање на Младински центар во Пробиштип

Во рамки на проектот „Поддршка за изборни реформи“ 16 млади луѓе од осум различни региони 6 месеци ги следеа ветувањата на Владата дадени во рамки на Програмата за работа на Влада 2020-2024 година и спроведоа иновативни иницијативи за зголемување на граѓанскиот ангажман и јавна одговорност на локално ниво, соопшти Националниот младински совет на Македонија (НМСМ). Како што додаваат оттаму, еден...

Со новата алатка на ЦУП граѓаните можат да поднесат иницијатива за дискусија за прашања од поширок интерес

Центарот за управување со промени (ЦУП) воведе нова веб алатка за иницирање на јавна дискусија за прашања од интерес на граѓаните, со која тие можат да поднесат иницијатива за јавна дискусија за прашања од поширок интерес и да ја поттикнат свеста преку давање своја поддршка за одредени прашања од поширок интерес. „Потребно е да ја осмислите и внесете вашата иницијатива...

ФИТР: Доставени над 500 предлог-решенија за полесно справување со кризата од Ковид-19

Вкупно 546 иницијативи пристигнале до Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР) во рамките на јавниот повик „Креатон“ наменет за креирање на дигитални алатки и решенија за справување со последиците од Ковид-19. „Јавниот повик траеше 72 часа и ваквиот интерес е само показател за нивото на свест и желбата за придонес кај многу наши сограѓани, невладини организации и компании. Очигледно,...

Галовеј: Северна Македонија работеше, но треба да работи уште повеќе за да ја врати довербата во судството

Амбасадорката на Велика Британија, Рејчел Галовеј, во интервју за „Порталб.мк“ зборува за процесот на реформи во јавната администрација и судството. Таа вели дека спроведувањето на законите и плановите е клучот за враќање на довербата на луѓето во институциите и дека Северна Македонија треба да пристапи на решавањето на овој проблем систематски. Го споменува случајот „Рекет“ како разочарувачки и зборува...

Поднесени три барања за утврдување одговорност на судија од почетокот на годината

Советот за утврдување на факти до Судскиот совет поднел три барања за поведување постапка за утврдување одговорност за судија, стои во извештајот на Советот за утврдување на факти и за поведување постапка за утврдување одговорност на судија за периодот од 1 јануари до 30 септември годинава. Инаку, Советот за утврдување факти, во првите шест месеци од оваа година постапувал по...

Одлуката за прислушувањето преку телеком-операторите ќе чека Уставен да се екипира

Уставниот суд на денешната седница не донесе одлука за уставноста и за законитоста на членот 175 од Законот за електронски комуникации, кој ѝ овозможува на Управата за безбедност и контраразунавање (УБК) директно да прислушува преку телекомуникациските оператори. Како што изјавија за „Мета“ од Уставниот суд, одлучувањето по ова точка е одложено бидејќи судот работи во скратен состав, со осум судии,...

Заев се сретнал со еден од првите луѓе на „Гугл“ и разговарале за соработка

Премиерот Зоран Заев во рамките на посетата на Соединетите Американски Држави се сретнал со Џерад Коен, еден од првите луѓе на една од најразвиените светски компании „Гугл“. На состанокот, како што информираат од Владата, било разговарано за соработка помеѓу компанијата „Гугл“ (Google Jigsaw) и била поставена основа за развивање на таа соработка. На средбата, лицата што го придружувале високиот претставник на компанијата,...

Захариев: Владини повереници се можно решение ако дојде до блокада на општините

Градоначалникот на општина Штип, Илчо Захариев, во пресрет на утрешната седница на Уставниот суд на која треба да се одлучува по иницијативите за продолжување на мандатот на градоначалниците, денеска изјави дека доколу уставните судии ја отфрлат иницијативата, решение на проблемот со функционирањето на општините по 15 мај, може да биде назначување на владини повереници, што, според него, би било...

Не е работа на Уставниот суд да создава закони, туку да ги толкува, смета СДСМ

Уставниот суд да не навлегува во креирање на правото, бидејќи не е негова надлежност да создава закони, туку да ги толкува, изјави денеска портпаролот на СДСМ и пратеник, Петре Шилегов, одговарајќи на новинарско прашање во врска со утрешната седница на Уставниот суд, на која треба да се одлучува по иницијативите за продолжување на мандатот на градоначалниците и на советите на...

Уставниот суд в среда ќе расправа за продолжување на мандатот на градоначалниците

Уставниот суд на Република Македонија в среда, на 10 мај, сепак, ќе ги разгледува иницијативите за укинување на два члена од Законот за локална самоуправа и од Изборниот закон со што ќе се овозможи градоначалниците и советниците да останат на своите функции до одржувањето на локалните избори. Имено, судот денеска соопшти дека со две нови иницијативи ја проширува агендата за...

Локалните избори, СЈО и прислушувањето ги нема на агендата на Уставниот суд до 10 мај

Уставниот суд, првата седница по велигденските празници и по Први мај ја закажа за 10 мај, а на неа, според објавената агенда, судиите ќе расправаат по само две иницијативи. На дневен ред на седницата ги нема клучните иницијативи, за кои има најголемо интересирање во јавноста, односно оние за Законот за Специјалното јавно обвинителство, за локалните избори и за прислушувањето преку телеком-операторите. Најсвежи...

Две иницијативи до Уставниот суд да го продолжи мандатот на градоначалниците

Министерството за локална самоуправа и Светскиот македонски конгрес (СМК) поднеле иницијативи до Уставниот суд со кои бараат укинување на два члена од Законот за локална самоуправа и од Изборниот законик, со што ќе се овозможи градоначалниците и советниците да останат на своите функции до одржувањето на локалните избори, објави „Сител“. Според актуелниот Изборен законик, локалните избори требаше да се одржат...

Во првото тримесечје нема барања за утврдување одговорност на судија

Советот за утврдување на факти и поведување постапка за утврдување одговорност на судија во првото тримесечје од оваа година, односно во периодот од 1 јануари до 31 март 2017 година, примил вкупно 121 иницијатива за утврдување одговорност на судија, стои во првиот квартален извештај на Советот. Според извештајот, во вкупниот број на претставки и на поплаки, во јануари до Советот...

ДЗЛП добила барања да изврши инспекции во портали, бара да се бришат личните податоци

Дирекцијата за заштита на личните податоци минатата недела добила повеќе иницијативи за вршење на инспекциски надзор врз медиуми, односно информативни интернет-портали, „заради утврдување на прекршувања на Законот за заштита на личните податоци“. „Им укажуваме на сите онлајн-портали и печатени медиуми дека е потребно да иницираат бришење на личните податоци, односно минимизирање на обемот на личните податоци што се објавуваат во согласност...

Уставниот суд на 27 декември ќе одржи прва седница по изборите, СЈО не е на дневен ред

Првата седница по предвремените парламентарни избори, на која уставните судиите ќе разгледуваат иницијативи за оценка на уставноста и на законитоста, ќе се одржи на 27 декември. Според агендата за седницата, што Уставниот суд денеска ја објави на својата интернет-стрница, на дневен ред повторно не е ставен Законот за Специјално јавно обвинителство. На дневниот ред на седницата на Уставниот суд има вкупно...

В среда седница на Уставниот суд со новиот претседател, СЈО не е на дневен ред

Уставните судии в среда, 9 ноември, во редовниот термин од 9 часот, ќе ја одржат првата седница со новиот претседател, Никола Ивановски. На седницата, како што може да се види од агендата објавена на интернет-страницата на судот, на дневен ред не е иницијативата за оценка на уставноста и на законитоста на Законот за Специјално јавно обвинителство. В среда, уставните судии...

Бејли: Со ЕУ работиме да осигураме дека договореното ќе биде исполнето пред изборите

Заедно со Европската Унија работиме на исполнување на тоа што политичките партии го договорија во јули, а го дополнија во август. Работиме на тоа да осигураме дека договореното ќе биде исполнето во пресрет на изборите. Ова синоќа го изјавил американскиот амбасадор Џес Бејли во Штип на свеченост по повод доаѓањето на нова група од 50 волонтери на Мировниот корпус. - Но, на крајот од...

Уставниот суд ја закажа првата седница по одморите: СЈО не е, ама крстот е на дневен ред

Уставниот суд денеска го објави дневниот ред за првата седница по двомесечната летна пауза, закажана на 28 септември во 9 часот. На седницата, како точка на дневен ред ја нема иницијативата за оценка на уставноста на Законот за Специјално јавно обвинителство, но ја има иницијативата за поставувањето на крстот во Бутел. Иницијативата за оценување на уставноста на СЈО беше поднесена...

Уставниот суд од утре на летна ферија, СЈО и крстот во Бутел ќе чекаат до септември

Уставниот суд утре ќе ја одржи последната седница пред летните одмори. Следната седница на Уставниот суд ќе биде по 1 септември, кога судиите се враќаат во полн состав и ќе продолжат со работа, велат за „Мета“ од судот. На утрешната седница, како што ни рече генералната секретарка на Уставниот суд, Оливера Филиповска, нема да се разгледуваат иницијативи, туку само текстови...

Уставниот суд не го есапи ултиматумот на „Шарената револуција“

Уставниот суд денеска ја објави агендата за следната седница, која ќе се одржи в среда, а меѓу предложените точки што ќе бидат на дневен ред ја нема иницијативата за оценување на уставноста и на законитоста на Законот за Специјално јавно обвинителство. Произнесување на Уставниот суд за Законот за СЈО е едно од двете клучни барања на граѓаните обединети од граѓанската иницијатива...

Тенденциозно и без докази се обвинува дека Украина и Западот стојат зад терористичкиот напад во Москва

Одговорноста за нападот во Москва ја презеде милитантната група Исламска држава (ИСИС). Ден по нападот, на 23 март, ИСИС објави фотографија од четворицата напаѓачи. На 24 март, пак, ИСИС...