fbpx

На Синајскиот Полуостров пронајдени се предмети што не се на рускиот авион

-

На местото каде во саботата се случи авионската несреќа на Синајскиот Полуостров, пронајдени се предмети што не му припаѓаат на рускиот авион, а анализата на црните кутии утврдила невообичаена комуникација во пилотската кабина.

Според руските медиуми, на снимките се наоѓа разговор невообичаен за нормалните летови, а во радиус од неколку километри се пронајдени расфрлани предмети што не се делови од авионот.

Доколку се потврдат овие наводи, тоа би значело дека во последните минути од летот на авионот од типот „ербас А321 метроџет“ со 224 патници и членови на екипажот, се случило нешто навистина непредвидливо – авионот имал чудна патека на движење, нагло добивал, па губел висина, за на крајот да се распадне на два дела.

Во меѓувреме, американски сателит со инфрацрвени сензори детектирал бран топлина над Синај, за што американските разузнавачки служби сметаат дека била експлозија на бомба или резервоарот за гориво.

Сепак, челниците на Пентагон оставаат простор, бранот топлина што го регистритал сателитот да не биде нужно во врска со несреќата на рускиот авион, туку дека е можно да е детектиран импулс на регуларни бројни активности, кои се многу силни во тој дел на Египет, со оглед на тоа дека на Синајскиот Полуостров се наоѓаат бројни терористички групи.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...