ММФ го надгледува спроведувањето на реформи во Србија


       
Белград, 24 септември, 2018 - 12:36 (META) 

Мисијата на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) денеска почна разговори во Белград во склоп на првото надгледување на спроведувањето на новата програма за реформи со поддршка од Инструментот за координација на политики.

Делегацијата на ММФ, која во Белград ќе престојува до 4 октомври, ја предводи Џејмс Руф, а делегацијата на Србија гувернерката на Народната банка на Србија, Јоргованка Табаковиќ. Теми на разговорот ќе бидат, како што е најавено, состојбата во јавните финансии и планирањето за буџетот за 2019 година како и структурните реформи. Се очекува да бидат усогласени ставовите на претставниците на Владата на Србија и ММФ за зголемување на пензиите и платите во јавниот сектор.

ММФ на Србија во јули оваа година и одобри нова програма за соработка која е од советодавна природа, наречена „чувар куќа“ на период од 30 месеци. Целата на програмата, како што соопштуваат, е одржување на макроекономска и финансиска стабилност и продолжување на структурните и институционалните реформи за поттикнување на брз и сеопфатен раст, креирање на нови работни места и подобрување на животниот стандард.