fbpx

Масовно се потпишуваат истапници од СОНК во Битола

-

Масовно се земаат истапници од СОНК во Битола, тврдат членови на синдикатот од образованието. Вработените во битолското образование изминатите неколку дена го откажувале членството и веќе не сакале да плаќаат членарина на синдикатот, на чие чело е Јаким Неделков, бидејќи не ги исполнил ветувањата пред штрајкот и со прекинот на штрајкот.

Овој месец регионалната организација на СОНК во Битола доби нов претседател, Илија Белџигеровски.

Повеќе од две третини од членовите во неколку средни училишта во градот веќе не се дел од синдикатот. Најдрастичен е примерот во средното општинско техничко училиште „Ѓорги Наумов“, каде од 63 членови на СОНК до вчера истапници потпишале дури 48. Слична е ситуацијата во средното економско училиште, каде истапници потпишале две третини од членовите, а во двете гимназии засега се зголемува револтот кај членството во исчекување на официјален состанок на синдикатот.

– Членовите на СОНК во нашето училиште масовно потпишуваат истапници, не се задоволни од постапките на раководството на синдикатот за време на штрајкот, од неисполнетите ветувања, но и од несоодветните кадровски смени во синдикатот – вели Благој Секулов, претседател на синдикалната организација во техничкото училиште во Битола.

Членовите на СОНК во техничкото училиште беа меѓу ретките во Битола што влегоа масовно во штрајк од првиот до последниот ден, и токму поради тоа, како што велат, се  чувствуваат изиграни од Неделков.

Новоизбраниот претседател на СОНК во Битола, Илија Белџигеровски, вели дека нема сознанија што се случува со членството на СОНК во Битола, бидејќи сè уште официјално не ја презел функцијата.

– Не сум во тек со работите и немам поим што се случува. В среда ќе биде примопредавањето на печатот и на канцелариите и тогаш ќе имам увид во тоа колку членови брои синдикатот во Битола. И да имало истапување на синдикалци, тоа се ретки случаи, самоволие на некои од претседателите на синдикатот по училиштата – вели Белџигеровски.

А.Б.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...