!Во периодот што претстои работиме на воведување систем за пристап и за претплата. За начинот на пристап и за претплатата ќе информираме дополнително. Содржините на „Мета“ до тогаш се слободни за преземање со задолжително цитирање и атрибуирање.

Косовски пратеници се степаа во дебатна емисија


       
Приштина, 29 септември, 2017 - 21:02 (META) 

Политичката спротивставеност во Косово денеска ескалираше, откако во телевизиска дебата во живо се степаа двајца пратеници.

Во емисијата „Инфо Локале“, Фрашер Красниќи пратеник на „Самоопределување“ и Милаим Зека, пратеник на „Иницијатива“ најпрво почнаа жестока расправија, а набргу и започнаа со навреди, по што во еден момент Красниќи фрли вода кон Зека. На тоа, тој одговори со фрлање предмети, па следуваше физичка пресметка во која Красниќи со неколку тупаници го удри Зека по главата.

Водителот потоа ја прекина емисијата.