!Во периодот што претстои работиме на воведување систем за пристап и за претплата. За начинот на пристап и за претплатата ќе информираме дополнително. Содржините на „Мета“ до тогаш се слободни за преземање со задолжително цитирање и атрибуирање.

Касами: Убедени сме дека во Тетово доаѓа нова власт што ќе работи во служба на граѓаните


       
Тетово, 29 октомври, 2017 - 19:09 (META) 

Ние сме убедени дека во Тетово ќе се случат промени и оти доаѓа нова власт што ќе работи во служба на сите тетовци, изјави кандидатот за градоначалник на Тетово и лидер на Движењето Беса, Билал Касами, по гласањето на избирачко место во гимназијата „Кирил Пејчиновиќ“.

Тој додаде дека во вториот круг гласачите имаа можност да изберат локална власт што ќе работи во нивни интерес.

– Се надеваме дека веќе од вечерва, односно од утре, во локалната власт ќе дојдат нови луѓе кои пред да мислат за себе, повеќе ќе мислат за граѓаните и кои ќе реализираат проекти што се во служба на сите граѓани – изјави Касами.