fbpx

Јовески: Обвинителството ќе се дистанцира од извршната власт и ќе ја врати довербата

-

Новиот државен јавен обвинител, Љумобир Јовески денеска, по неговото именување во Собранието, за медиумите изјави дека ќе ја врати довербата во Јавното обвинителство, кое, како што рече, ќе се дистанцира од извршната власт и другите центри на моќ и ќе биде самостоен државен орган надлежeн за гонење криминал.

Јовески во свечената изјава во Собранието се обврза дека ќе ги почитува Уставот и законите и дека ќе работи чесно, совесно и непристрасно.

– Пред голем предизвик сме да ја вратиме загубената доверба во работата на обвинителството пред граѓаните и тоа да се профилира како професионална институција што ќе ги гони сторителите на кривични дела. Затоа ќе работам обвинителството да ја зашитува законитоста и да обезбедуа владеење на правото во Република Македонија – изјави Јовески.

Тој рече дека ќе ја гарантира самостојноста во постапувањето на јавните обвинители и ќе инсистира да го истражуваат и гонат криминалот и корупцијата, а своите одлуки да ги „носат исклучиво врз основа на доказите и фактите што ќе се утврдат, а утврдувањето на вистината да им биде приоритетна цел“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...