fbpx

Собранието го именуваше Љубомир Јовески за нов државен јавен обвинител

-

Со 61 глас „за“, еден „воздржан“ и ниту еден „против“, Собранието попладнево на пленарна седница го именуваше Љубомир Јовески за нов државен јавен обвинител.

Јовески целата своја кариера ја има поминато во македонските правосудни органи, работел и во судот и во обвинителството, а последната функција што ја извршуваше пред Владата да го предложи за државен јавен обвинител, беше член на Советот на јавни обвинители.

Од новиот јавен обвинител, кој доаѓа на местото на разрешениот Марко Зврлевски, како што беше нагласено во текот на расправата на која не учестуваа пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, се очекува да ја врати довербата во Обвинителството и воопшто во правосудниот систем во земјава.

По именувањето на Јовески, кој беше изгласан во третиот обид, бидејќи во претходните два обиди немаше кворум, претседателот на законодавниот дом Талат Џафери даде пауза, по која новиот јавен обвинител треба да даде свечена заклетва.

Потоа, како што најави Џафери Собранието треба да продолжи со нова седница на која на дневен ред ќе биде именувањето на новите министри во Владата, меѓу кои е и Венко Филипче, кој е предложен за нов министер за здравство, откако претходниот, Арбен таравари стана градоначалник на Гостивар на локалните избори што се одржаа во октомври.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Петровска: Членството во НАТО отвора можност за развој на науката и технологијата

„Членството во НАТО на сите членови на академската заедница- професори, истражувачи и студенти им отвора нова димензија на поддршка, на можност за соработка со колегите од сојузничките и партнерски...