Вчеравечер во изложбениот салон на Културно-информативниот центар – Скопје, беше отворена изложба на фотографии од конкурсот за избор на најдобра фотографија, со мотиви од Скопје, како за наградените, така и за фотографиите, кои влегле во потесниот круг на избор од конкурсите во 2013 и во 2014 година
Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, во рамки на отворањето на изложбата на авторите на најдобрите фотографии, им ги врачи наградите, а на сите учесници на конкурсот им додели признанија.
Првата награда за 2013 година му припадна на Зоран Ефремоф, втората награда ја понесе Дарко Цветановски, а третата награда за минатата година му беше доделена на Влахо Бранѓолица. За тековната 2014 година, добитник на првата и на третата награда е Зоран Ефремов, а втората награда му припадна на Ламбро Патче.