Холандските туристи најбројни и со најмногу субвенции


       
Скопје, 9 јули, 2018 - 17:05 (META) 

Во последните 10 години односно од 2008 до 2017 година над 200.000 туристи од Холандија оствариле речиси еден милион ноќевања во Македонија, покажува најновата анализа на „ДАТА“. По нив, најмногу ноќевања имало од туристите од Турција односно 922.046 ноќевања од 600.221 Турци, а 417.959 Срби ноќевале 837.802 пати.

Туристичкиот пик Македонија го доживеала во 1987 година кога имало 2,4 милиони ноќевања од македонски туристи и 1,5 ноќевања од странски туристи. Во последните пет години туризмот бележи благ раст, но сепак бројките се далеку од нивото на кое државата била во 80-тите години.
Минатата година во државава имало 1,4 милиони ноќевања од домашни туристи и 1,3 милиони од странски туристи.

Според анализата, во просек странските туристи остануваат две вечери, домашните четири вечери, а Холанѓаните пет. Од 2013 година, државата на тур-операторите им доделува по 65 евра субвенции за секој холандски турист со најмалку три ноќевања.

 

Објавените визуелизации се дел од проектот D.A.T.A. – Data Analytics for Transparency and Accountability имплементиран од Фондацијата за интернет и општество „Метаморфозис“. Овој проект е делумно поддржан од Амбасадата на САД. Мислењата, откритијата и заклучоците или препораките изнесени овде се на имплементаторите/авторите, и не ги одразуваат оние на Владaта на САД.