fbpx

Ѓукановиќ: Црна Гора е на добар пат да добие покана за членство во НАТО

-

Црногорскиот премиер Мило Ѓукновиќ денеска во парламентот изјави дека земјата е на добар пат да ги исполни очекувањата на сојузниците околу условите за членство во НАТО, објави „Блиц.рс“

Тој рече дека неговата Влада до крајот на мандатот очекува да добие повик за влез на Црна Гора во Алијансата.

Ѓукановиќ нагласи дека последните анкети покажуваат пораст на поддршката од граѓаните за влез во Алијансата, која изнесува околу 38 отсто, и изрази очекување дека наскоро ќе биде остварена и мнозинска поддршка, каква што постои во парламентот.

Црногорскиот премиер најави можна посета на високи претставници на НАТО на Црна Гора.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Пратеници, градоначалници, фирми, граѓани – Кој колку пари донирал за кампањата на претседателските кандидати?

Некој по 500 денари, некој по 100.000 денари, а некој по 300.000 денари. Донации за кампањите за претседателските избори пристигнувале од пратеници, градоначалници, членови на партии или пак преку...