fbpx

Грчкиот бизнисмен Калогрицас се повлече од процесот за телевизиски концесии

-

Процедурата за доделување телевизиски концесии во Грција се искомплицира откако еден од четворицата концесионери, Јоанис Владимирос Калогрицас, се повлече од целиот процес. Калогрицас беше последниот од четворицата концесионери што денеска требаше да ја исплати првата рата за телевизиските концесии. Парите за концесиите ги исплатија телевизиите „Скај“ и „Антена“, како и бизнисменот Вангелис Маринакис.

Калогрицас најпрвин утринава побара дводневно одложување, објаснувајќи дека поради причини кои не се поврзани со работењето на неговата компанија, не е во можност денеска да ги исплати парите. Барањето беше одбиено од Генералниот секретаријат за медиуми кој е одговорен за процедурата, со објаснување дека според строгите услови, концесионерите се обврзани во рок од две недели да ја исплатат првата рата и не е можно да се прават измени и отстапки од условите.

Кусо по соопштението, Калогрицас најави дека се повлекува од процесот за да се заштити себеси и семејството од медиумските напади. Грчките медиуми неколку недели го имаа на мета Калогрицас, коментирајќи дека е поврзан со СИРИЗА и дека со нивна помош добил банкарски заеми без покритие без да има доволно финансии. Весникот „Прото тема“ излезе со информации дека Калогрицас и неговото семејство затајувале данок за сума од 32 милиони евра.

Неможноста да се исплатат парите навремено според условите на целата процедура за телевизиски концесии значи дека избраниот концесионер ја губи дозволата и на негово место влегува следната најдобра финансиска понуда од аукцијата за концесиите. Иако засега нема официјални најави од грчката влада, се очекува дека на местото на Калогрицас ќе влезе рускиот бизнисмен и сопственик на фудбалскиот клуб ПАОК, Иван Савидис. Савидис веќе најави дека е заинтересиран да се врати во процесот за телевизиски концесии и дека за два-три дена би можел да ја плати првата рата од 61 милион евра кои ги понуди за добивање ТВ-концесија.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...