!Во периодот што претстои работиме на воведување систем за пристап и за претплата. За начинот на пристап и за претплатата ќе информираме дополнително. Содржините на „Мета“ до тогаш се слободни за преземање со задолжително цитирање и атрибуирање.

ЕУИСС: Кинеските инвестиции во Западен Балкан ја поттикнуваат корупцијата


       
Брисел, 24 јули, 2017 - 16:42 (META) 

Кинеските инвестиции во инфраструктурата во земјите од Западен Балкан ја поттикнуваат корупцијата во регионот, пишува во анализата на Институтот за безбедносни истражувања на ЕУ (EUISS).

Во извештајот пишува дека инвестиции во патишта и во железници во вредност од 5,5 милијарди евра има во Македонија, Србија, Црна Гора и во БИХ, а Кинезите работата ја добивале директно преку владини претставници, а не преку тендери.

Во оваа анализа е спомнат и случајот со изградбата на автопатот Кичево – Охрид, со што буџетот на Македонина е оштетен за 155 милиони евра, а се спомнува дека во случајот се вмешани политичари и еден поранешен премиер за кој Специјалното јавно обвинителство отвори случај.

Во анализата се наведува дека кинеската компанија „Синохидро“, која ги гради македонските автопатишта, во 2016 година беше на црниот список на Светска банка за корупција и за измама.