fbpx

ЕУ ја проширува црната листа

-

Министрите за надворешни работи на земјите-членки на Европска Унија се согласија да го прошират списокот на украински и на руски функционери на кои им е забранет престојот и работењето во ЕУ.

Шефовите на дипломатијата ја повикаа Москва да престане да дава воена и дипломатска помош на проруските сили во Украина.

„По согледувањето на ситуацијата на теренот, Советот побара од Европската служба за надворешни работи до крајот на месецот да ја прошири листата на целни мерки кон сепаратистите“, стои во соопштението на Европскиот совет, издадено денеска во текот на министерскиот совет во Брисел.

Засега не е јасно дали налогот се однесува само за украинските лидери кои застанаа на страна на проруските сили или ќе ги опфати и руските функционери.

Постојните санкции засега опфаќаат забрана за издавање виза за 119 руски и украински функционери и 23 претпријатија на кои им е забрането работењето во ЕУ.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...