Двокатен автобус удри во излог на продавница во Лондон, при што се повредени неколку лица, а две се заробени во горниот кат на автобусот.
„Возачот на автобусот е пренесен во болница на југот на Лондон, а мал број од патниците добиле лекарска помош на самото место. Двајца патници останале заробени на горниот кат на автобусот, а противпожарните и спасувачките екипи се обидуваат да ги извлечат“, соопшти лондонската полиција.
Засега не се знае причината на несреќата, која предизвика дополнителен хаос во утринскиот сообраќаен метеж во Лондон.
https://www.youtube.com/watch?v=t6l7i8CY8O4