fbpx

Движењето за реформи на ДПА: Да престанат опструкциите на работата на Јанева

-

Централното претседателство на Движењето за реформи на ДПА, по одржаната редовна седница, разговарајќи за актуелните политички прашања, апелира до работните групи да продолжат со политичкиот дијалог, почитувајќи ги динамиката и роковите предвидени во Договорот на Пржино.

Тие бараат веднаш да престанат опструкциите што ѝ се прават на работата на специјалната обвинителка, а Советот на јавни обвинители да се откаже од улогата на извршител на партиски агенди и веднаш да почне да работи во интерес на сите граѓани на Република Македонија.

– Апелираме до Владата и до државните институции дека не може да се избришат сомнежите за настаните од 9 и од 10 мај во Куманово дека тоа било монтирано сценарио. Преземањето нови полициски акции против албанското цивилно население во Куманово и во околината, не значи дека ќе ја уверите јавноста во спротивното. Движењето за реформи на ДПА нема да дозволи Албанците и понатаму да се жртвуваат, секогаш кога некој сака да избегне одговорност за политичката криза – пишува во соопштението на Движењето за реформи на ДПА.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.