fbpx

Движењето Беса нема да присуствува на средбата со Ахмети

-

Централното претседателство на движењето Беса вечерва одлучило да не се појави на средбата што ја организира лидерот на ДУИ, Али Ахмети утре во 13 часот во хотелот „Александар палас“, соопштија од партијата.

Во нивното соопштение се вели дека нема да се појават на средба која е организирана од луѓе кои се спомнуваат од Специјалното јавно обвинителство и од тие што се осомничени за случајот „Маџар телеком“.

Исто така, велат дека „не заборавиле дека минатата недела ДУИ и ДПА, како членови на ДИК, уште еднаш му служеле верно на ВМРО-ДПМНЕ, со што одзеле еден пратеник од коалицијата Преродба со Беса.

Од Беса велат дека ќе ги подржат сите иницијативи кои доаѓаат од субјекти кои го унапредуваат институциналниот интерес на Албанците.

„Коалицијата Преродба со Беса не може да им одговори позитивно на тие кои, откако ја злоупотребија власта и волјата на Албанците за 15 години, газејќи и понижувајќи ги Албанците како никогаш порано, како и зајакнувајќи ја екстремно антиалбанската фигура на Никола Груевски, ги принудија Албанците да гласаат за една македонска партија. Ќе ги поддржиме сите иницијативи што ќе доаѓаат од сите субјекти кои го бранат и го унапредуваат институционалниот интерес на Албанците и евроатлантскиот стратешки интерес на државата“, се вели во соопштението на Беса.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...