fbpx

Државните фирми како тајна ги чуваат имињата на членовите на управните одбори 

-

Речиси половина од претпријатијата во државна сопственост ги немаат објавено имињата на членовите на управните и на надзорните одбори, а ниту едно претпријатие основано од Владата или од општините не објавува информации за седниците на управните одбори, покажува истражувањето „Транспарентност и отчетност на претпријатијата во државна сопственост“ на Центарот за граѓански комуникации.

Меѓу клучните наоди во истражувањето се дека просечното ниво на транспарентност и отчетност на претпријатијата во државна сопственост, односно исполнувањето на законските обврски и добрите стандарди, изнесува само 28 отсто од можни 100 отсто.

„Ниту едно од 30-те најголеми претпријатија во државна сопственост, чии вкупни годишни приходи надминуваат 700 милиони евра, нема високо или солидно ниво на транспарентност (исполнување на обврските над 60 отсто).

Исполнети се услови за разрешување на 18 директори на јавни претпријатија, од кои шест основани од Владата, а 12 од локалните власти, поради необјавување извештаи од работењето“, информираат од Центарот за граѓански комуникации.

Оттаму додаваат дека на врвот на ранг-листата со највисоко ниво на исполнување на обврските, и тоа од само 52 отсто, е ЈП за државни патишта, а на дното со нула отсто се наоѓа АД  Градски трговски центар.

Обврската за задолжително објавување на плановите за јавни набавки со сите измени и дополнувања не ја почитуваат дури 67 отсто од претпријатијата.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...