fbpx

Дизел-горивата поевтинуваат за денар по литар

-

Цените на дизел-горивата од ноќеска на полноќ се намалуваат за еден денар по литар, а цената на бензините останува иста, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).

Со одлуката се врши намалување на рафинериските и на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,96, односно за 1,2 отсто.

Малопродажните цени на „еуросупер-95“ и на „еуросупер БС-98“ не се менуваат, односно остануваат 61 и 63 денари за еден литар. Новата цена на „еуродизел“ ќе изнесува 48 денари, а на екстралесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) 36,5 денари за еден литар.

Како причина за промената на цената на нафтените деривати од РКЕ ги посочуваат за 2,6 отсто пониската просечна цена на суровата нафта на светскиот пазар во изминатите 14 дена и за 0,42 отсто повисокиот курс на денарот во однос на доларот.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...