fbpx

Депозитниот потенцијал на банките се намали за 2,9 проценти на квартална основа

-

Вкупниот депозитен потенцијал на банките во вториот квартал годинава забележа намалување од 2,9 проценти на квартална основа, што е резултат на влошената доверба на економските субјекти во домашната економија, објави Народна банка.

– Гледано од аспект на валутата, намалување се забележува кај денарските депозити, додека девизните депозити бележат минимален пораст на квартална основа. Од секторски аспект, намалувањето на депозитите на банките во вториот квартал во најголем дел произлегува од падот кај депозитите на домаќинствата, 3,5 проценти на квартална основа. Притоа, поинтензивно намалување на вкупното штедење на населението е реализирано во текот на април и мај, додека во јуни, првпат по два месеци, е забележан скромен пораст – се вели во извештајот на Народна банка.

На годишна основа, порастот на вкупните депозити на домаќинствата дополнително забави и се сведе на 0,2 проценти во јуни, наспроти 3,1 отсто во март 2016 година. Депозитите на корпоративниот сектор во вториот квартал од годината се намалија на квартална основа за 3,6 проценти, наспроти падот од 1,7 отсто во првиот квартал.

– Ваквата динамика на движење на корпоративните депозити е вообичаена за овој период и веројатно е поврзана со циклусот во нивното деловно работење и начинот на финансирање на нивните активности, сезонските исплати на дивиденди, но одреден ефект веројатно имаше и зголемената домашна неизвесност – се додава во извештајот.

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...